Џастин Бибер вознемирен поради криминалите на Диди: „Никогаш немаше да соработувам со него ако знаев за ова“

Џастин Бибер и Диди / Фото: Profimedia

Канадскиот пејач Џастин Бибер (30) бил толку вознемирен поради веста за апсењето на Шон Комбс, познат како Диди, што се изолирал од светот. Да потсетиме, Комбс беше уапсен во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе, со цел сексуална експлоатација, рекетирање и кривични дела поврзани со проституција. Кога полицијата изврши рација во домовите на Комбс во март, таа заплени повеќе од 1.000 шишиња бебешко масло и лубриканти.

Според извор, кој даде изјава за „Дејли мејл“, Бибер се обидува да разбере што се случува и жали што соработувал со Комбс пред помалку од една година. Наводно, тој никогаш не би го направил тоа доколку знаел за обвинувањата кои излегоа на виделина во меѓувреме.

„Џастин направи долга пауза со Диди, кога почна да верува дека овие работи се случиле и се огради од него. Тој беше вклучен на последниот албум на Диди. Ако знаеше нешто од ова, немаше шанси да го стори тоа“, изјави изворот.

Бибер, кој се спријатели со Диди на почетокот од својата музичка кариера, се појави на неговиот албум „The Love Album: Off the Grid“ (2023) со песната „Moments“.

Џастин Бибер и Диди / Фото: NJ / Backgrid UK / Profimedia

Пред неколку месеци, повторно станаа актуелни некои стари снимки на Комбс и Бибер, особено откако полицијата изврши рација во домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес.

На едно од видеата се гледа како Комбс стои покрај 15-годишниот Бибер и вели дека ќе поминат 48 часа во заедничко друштво.

„Тој ќе биде со мене во следните 48 часа и целосно ќе полудиме“, вели раперот, додека Бибер стои покрај него и речиси и да не зборува ништо.

Кога видеото повторно стана актуелно на социјалните мрежи, тоа предизвика низа критики и загриженост.

Во едно друго видео, Комбс му создава непријатно чувство на Бибер со своите коментари.

„Па, добар си? Гледам дека имаш распродадени арени и сето тоа. Почнуваш да се однесуваш поинаку, а? Не ми се јавуваш и не се дружиш со мене како порано“, му вели раперот на младиот пејач, кој загрижено му вели дека ќе му го даде неговиот број.

Подемот и падот на Шон Комбс: Одбиена кауцијата од 50 милиони долари, останува во притвор, а му се заканува доживотна робија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот