Џабир Дерала утре ќе ја прими наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024

Џабир Дерала / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Германската Фондација Југоисточна Европа на 4 јули (четврток) организира церемонија за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е претседателот на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала.

Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество.

Церемонијата ќе започне во 18 часот со поздравниот говор на Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и обраќањето на Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа, заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа, по што ќе му се додели наградата на Дерала.

„Наградата за солидарност им оддава почит на храбрите новинари од нашите партнерски земји, кои често се изложуваат на големи лични ризици поради нивното критичко известување. Таа има за цел да им оддаде почит на нивната извонредна работа и да го признае нивниот придонес во промовирањето на демократијата, владеењето на правото и слободата на печатот“, се вели во соопштението на Фондацијата.

Наградата е воведена во 2020 година и се доделува само една за целиот регион на Југоисточна Европа. Дерала е петтиот добитник на оваа престижна награда, по Драган Бурсаќ, БиХ (2020), Уна Хајдари, Косово (2021), Ивана Гордиќ Перц, Србија (2022) и Пелин Ункер, Турција (2023).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот