Две македонски поетеси и поет учествуваат на поетски фестивал во Загреб

Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска / фотоколаж

Младите македонски поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова од 27 до 30 јуни ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска. Ова гостување е дел од соработката за размена на автори помеѓу Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, Хрватска, и издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје.

Авторите Јовановска, Медиќ Лазаревски и Атанасова ќе се претстават со нивната поезија пред загребската публика на повеќе читања, а во рамки на фестивалот ќе се одржи и посебен настан – разговор за нивната поезија, што ќе го модерираат Иван Херцег, директор на фестивалот, и Славомира Рибарова.

„Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните ќе се одржат во Загреб, во Вараждин и во Врбовец, а покрај македонските и хрватските, ќе настапат и поети од Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и Словенија.

Гостувањето на младите поети на фестивалот во Загреб е помогнато од Министерството за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот