Дванаесет деца меѓу затруените со чад во пожарот во зграда во Чаир

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Триесетина возрасни станари и 12 деца се меѓу затруените со чад во пожарот кое утрово избувна во зграда во скопската населба Чаир.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев изјави дека на клиниката се обратиле околу триесет лица со симптоми на труење со чад. Повеќето од нив се пуштени на домашно лекување, но четворица постари пациенти со потешка клиничка слика се задржани на болнички третман.

На Детската клиника биле донесени 12 деца, најмалото на петмесечна, а најголемото на 11-годишна возраст. Сите имале симптоми на труење со чад. Само две деца се задржани, а останатите на барање на родителите биле пуштени дома.

Покрај цивилните лица, и еден пожарникар и еден полицаец се јавиле на лекарска помош поради вдишување на чад при гасењето на пожарот.

Над стотина лица беа евакуирани од зградата во која избувна пожарот, а интервенцијата на пожарникарите сè уште е во тек.

Интервенцијата на пожарникарите сè уште е во тек, а во гаснењето на пожарот се вклучени 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот