Двајцата кандидати за претседател на Иран меѓусебно се обвинуваат за безидејност и недостиг на искуство

Двајцата кандидати во трката за претседател на Иран вчера се обвинија меѓусебно дека немаат решение за проблемите на Исламската Република.

Меѓусебните обвинувања беа упатени за време на телевизиската дебата што траеше повеќе од два часа и се одржа пред вториот круг од претседателските избори во Иран во петок. Изборите се закажаа откако претседателот Ебрахим Раиси загина минатиот месец во хеликоптерска несреќа.

Реформистичкиот кандидат Масуд Пезешкијан и тврдокорниот Саид Џалили се впуштија во остра вербална пресметка.

Џалили го обвини Пезешкијан дека нема план за управување со земјата и рече дека евентуалното владеење на Пезешкијан ќе го стави Иран во неповолна положба.

Џалили рече дека „со помош на народот“ ќе постигне годишен економски раст од 8 проценти за Иран, ветување што наиде на потсмев кај неговиот противник.

Пезешкијан, пак, додаде дека Џалили, доколку не го исполни ветувањето, треба да биде погубен.

„Иран треба да води динамична надворешна политика ако сака да има успешна економија“, рече Џалили.

Пезешкијан најави дека неговата надворешна политика ќе се заснова на „ангажираност со светот“ и ќе вклучи „преговори за укинување на санкциите“ против Техеран.

И двајцата кандидати ветија дека ќе се борат против сиромаштијата, проблемите на работниците, на жените, на етничките и верските малцинства. Ветија и подобар и побрз интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот