Двајца скопјани и еден велешанец каснати од бездомни кучиња

Три лица пријавиле во полиција дека биле каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие.

Дваесет и двегодишен скопјанец бил каснат од бездомно куче во Aеродром.

„На 10.04.2024 во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Х.Р.(22) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник“.

Скопјанка била касната од бездомно куче во населба Лисиче.

„На 10.04.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје била касната од куче скитник“.

Дваесет и седумгодишен велешанец пријавил дека бил мета на бездомно куче.

„На 10.04.2024 во 16.15 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.(27) од Велес пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник“, инормираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот