Двајца пожарникари полесно повредени при интервенција на пожарот над Битола

Двајца пожарникари се повредени попладнево во пожарот што избувна над Битола кај обиколницата.

Од локалната самоуправа во Битола информираат дека тие се со лесни повреди и оти едниот е задржан на лекување во битолската болница, додека другиот е пуштен на домашно лекување.

Хоспитализираниот пожарникар има изгореници на дланките и на подлактицата.

Вечерва во битолската болница тој беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов потврди дека има повреден пожарникар во пожарот во Битола и појасни дека таму горат нискостеблести растенија.

Голем пожар беснее над Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот