Двајца малолетници и тинејџерка во Скопје каснати од кучиња скитници

кучиња скитници/фото слободен печат / слободан ѓуриќ

Во полицискиот билтен забележани се три случаи на каснување од куче на подрачјето на Скопје, при што двајца од повредените се деца, а една е тинејџерка.

Првиот случај е регистриран вчера во 11.20 часот во Полициската станица Центар, кога Г.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Малолетно девојче е каснато од куче на бул.„Асном“ во Скопје, а случајот во Полициската станица Аеродром го пријавила И.Д.(40) од Скопје.

Третиот случај е пријавен во 17.10 часот исто така во Полициската станица Аеродром, И.Ј.(19) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната одкуче скитник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот