Двајца цивили загинаа во напад на Хезболах на Голанската висорамнина

Двајца цивили, маж и жена, загинаа денеска на Голанската висорамнина во ракетен напад на Хезболах од јужен Либан, соопшти израелската полиција.

Спасувачките служби соопштија дека ракетата директно го погодила возилото во кое се наоѓале жртвите.

Тие преминувале раскрсница во моментот кога екстремистичкиот Хезболах истрелал околу 40 ракети во анектираниот Голан.

Хезболах ја презеде одговорноста за баражниот оган, тврдејќи дека мета била воена база.

Во соопштението на проиранската шиитска организација, се наведува дека базата Нафах била цел како одговор на убиството на членот на Хезболах, поранешниот телохранител на лидерот на таа организација, Хасан Насрала, во напад на израелски дрон врз патот Бејрут-Дамаск во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот