Два проектила експлодираа кај брегот на Јемен

Јемен Хути / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Два проектила експлодираа денеска недалеку од бродот кај брегот на Јемен, соопшти британската агенција за поморска безбедност УКМТО, наведувајќи дека експлозијата не предизвикала никаква штета.

„Бродот и екипажот се безбедни“, соопшти УКМТО, додавајќи дека експлозијата се случила на 60 наутички милји југозападно од градот Аден.

Јеменските Хути поддржани од Иран во последните недели ги засилија нападите на бродови во Црвеното Море, за кои се сомневаат дека се поврзани со Израел, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа, каде што војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас е во тек.

САД и Велика Британија извршија неколку напади врз позициите на Хутите во Јемен, како одговор на акциите на бунтовниците на важна меѓународна поморска рута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот