Два богато украсени пиштоли на Наполеон ќе бидат понудени на аукција во Франција

Фото: Geoffroy VAN DER HASSELT / AFP / Profimedia

Два богато украсени пиштоли кои му припаѓале на Наполеон Први до неговата прва абдикација во април 1814 година, а со кои сакал да се убие, ќе бидат понудени на аукција во недела во близина на Париз, објави аукциската куќа „Осенат“.

Пиштолите се продаваат во дрвени кутии со додатоци. Тие се украсени со злато и сребро и го носат ликот на императорот, а нивната вредност се проценува на 1,2 до 1,5 милиони евра, изјави експертот на „Осенат“, Жан-Пјер Осенат.

„Наполеон специјално ги нарачал од занаетчијата Луис Марин Госет, кој работел во фабриката во Версај“, рече тој.

Фото: Geoffroy VAN DER HASSELT / AFP / Profimedia

Пиштолите се поврзани со неговиот обид за самоубиство во Фонтенбло, во близина на Париз, ноќта меѓу 12 и 13 април, бидејќи бил разочаран од воениот пораз. Но, тој бил спречен во неговата намера од неговиот главен коњушар Коленкур, кој го извадил барутот од пиштолот. Наполеон потоа зел отров, но го повратил и не умрел.

„Тогаш императорот му подари два пиштоли за неговата лојалност во тие црни денови. Оттогаш тие се во сопственост на неговото семејство кое реши да ги продаде“, рече тој.

Осенат истакна дека пиштолите имаат голема уметничка и историска вредност и се барани во целиот свет. Тој потсети дека во ноември познатата капа на Наполеон беше продадена за 1,93 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот