Два активни пожари во Струмичко и Прилепско

Чад се издига од пожар во поле по лансирани ракети/ фото: Jalaa MAREY/AFP/Gеtty images

Два пожари се активни изминатото деноноќие. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, едниот пожар е во општина Василево каде гори нискостеблеста шума и вегетација и во Прилеп каде гори ниска вегетација над населбата Варош.

Од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Регионалниот ЦУК Струмица, соопштуваат дека е направена обиколка на теренот и е утврдено дека нема активно горење.

Од 05 часот, Територијалната противпожарна единица од Струмица со четири возила и 16 пожарникари се на терен и вршат догасување на местата што чадат.

– Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер, информираат од ЦУК.

Во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со четири возила и 20 пожарникари, ТППЕ Радовиш со пет пожарникари и две возила и околу 25 полицајци, а беа активирани и двата хеликоптера на МВР.

Активен е и пожарот зад населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација.

Активен е крак што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) кој се гаси во утринските часови и не претставува опасност за населените места.

Пожарот почнал од пожар на патничко моторно возило.

Утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен.

Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со пет возила и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои пред полноќ биле повлечени од терен.

Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот