ФОТО | Дувна ветрот и го крена фустанот на свршеницата на Безос: Новинарката го покажа задникот во Грција

Фото: CIAOPIX - COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез по одморот во Грција заминаа во Италија за да присуствуваат на модното шоу на „Долче и Габана“, а атрактивната избраничка на најбогатиот човек на светот доживеа мала незгода на аеродромот, пред очите на сите.

Лорен Санчез носела фустан до колена, но судејќи по фотографиите, таа не го направила баш идеалниот избор со оглед на временските услови.

Дизајнерскиот фустан во кој доминираат жолтите и белите тонови има деколте во облик на корсет. Со овој фустан Лорен носела жолто-бели кломпи со потпетици и чанта во ист дезен како фустанот.

Безос џентлменски ја држел својата свршеница за рака, но малиот инцидент сепак се случил.

Поранешната новинарка се борела со ветрот на аеродромот. Налетот на ветрот прво го кренал лелеавиот фустан на Лорен, откривајќи ѝ ги нозете до средината на бутовите. Вториот налет на ветрот бил уште полош – толку многу го кренал фустанот што го открил задникот на Лорен.

Фото: CIAOPIX – COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Изгледа дека на Лорен не ѝ било грижа за овој пех, туку со насмевка продолжила да влегува во возилото што ги чекало на аеродромот. Таа е секако многу атрактивна жена!

: CIAOPIX – COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

И Џеф Безос остана присебен во оваа ситуација. Тој носел фармерки, бела маица и елек, а на себе имал бели патики.

ФОТО | „Среќен роденден, душо!“: Згодната новинарка му го честиташе роденденот на Џеф Безос со секси фотографија

ФОТО | „Среќен роденден, душо!“: Згодната новинарка му го честиташе роденденот на Џеф Безос со секси фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот