Дурмиши: Книжарниците ја почитуваат мерката за намалување на цените на училишниот прибор

Школски прибор / Фото - Слободен печат / Методи Здравев

Според информациите од терен, мерката мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува од страна на трговците. Инспекторите ќе продолжат со надзорот за да обезбедат целосно почитување на мерката низ целата држава, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Министерот Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, денеска ги посетија книжарниците „Просветно дело“ и „Алби“ во Скопје за да проверат како се применува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

– Денеска заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат дојдовме и посетивме две книжарници во Скопје за да видиме како се применува оваа мерка. Како што можете да забележите и вие, цените на школскиот прибор кој беше утведен во нашата листа има драстично намалени цени. Инспекторите ќе продолжат со својот надзор на терен сè со цел да обезбедиме целосно почитување на мерката не само тука во главниот град, туку и низ целата држава – кажа министерот Дурмиши по посетата на книжарниците.

Пазарните инспектори на терен, ги контролираат маржите на училишниот прибор

Согласно одлуката на Владата по пониски цени се продаваат тетратки, боици, ранци, фломастери, острилки, ножици, шестари, дигитрони, креди, табли, пластелин, острилки, гуми за бришење…, а инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска ќе контролираат дали трговците ја усогласиле цената на производите.

Оваа мерка беше најавена еден ден по почетокот на учебната година, откако веќе голем број родители ги набавија неопходните материјали. Според Мицкоски, оваа мерка не е задоцнета.

– Секогаш може да се направи нешто поинаку. Мислам дека секоја мерка е добредојдена за буџетот на семејството, од проста и едноставна причина што откако беше констатирана состојбата во малопродажбата тогаш веднаш се реагираше. И на мене не ми паѓа на памет некој производ што има увозна декларација од 50 денари да се продава по 120-150 денари. Убеден сум дека со оваа мерка ќе заштеди половина од буџетот на семејството. Да има и такви кои обезбедиле дел од училишниот прибор, но во наредниот период ќе имаме и други вакви мерки што ќе значат заштита на „есенската кошничка“ и на зимската – додаде тој.

Одлуката се однесува за ранци и ташни, тетратки, блокови, нотеси, колажи, моливи и пенкала, дрвени боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и маркери, мрсни боици, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, етуи и училишни додатоци, лепак и шестари, дигитрони, компаси и лупи.

Ако се прекрши Одлуката, казните се движат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот.

Највисоката трговска маржа што ја утврди Владата ќе се применува до 20 октомври годинава.

Поевтинува училишниот прибор, се ограничуваат маржите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот