Познатата диета за зајакнување на здравјето што ја користат милиони денес, постоела уште пред 4.000 години

Фото; Профимедиа

Уште пред 4.000 години, жителите на Медитеранот знаеле што е добро за нивното здравје. Новата студија покажа дека древните Сиријци го јаделе она што би се нарекло медитеранска кујна, која денес сите нутриционисти ја препорачуваат.

– Старата фраза дека „ние сме она што го јадеме“ е навистина точна во овој случај“. Техниката на анализа на стабилен сооднос на изотопи овозможува директно одредување на видот на храната што всушност била консумирана – објаснува археологот и хемичар Бенџамин Фулер од Универзитетот во Лувен, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Белгиските експерти користеле современи техники на големите бази на податоци за мерења на изотопи за да ја испитаат историјата на населбата Тел Твеини во Сирија. Во текот на бронзеното и железното време, овој локалитет бил важно пристаниште во Угаритското Кралство.

Базата на податоци вклучуваше мерења на изотипови од 410 семиња на билки, како и остатоци од коски од 16 луѓе и 210 животни од 2600 до 333 п.н.е.

Релативно ниските нивоа на азот на 15 изотопи во човечките остатоци укажуваат на повремено консумирање на месото, што значи дека жителите на Тел Твеини користеле припитомени животни главно за работа во полето, млеко и волна.

Особено во периодот помеѓу 2000 и 1600 година п.н.е., се чини дека нивната исхрана се состоела главно од цели зрна (интегрални житарки), овошје и зеленчук, вклучувајќи изобилство на маслинки и грозје.

– Исхраната на луѓето било релативно сиромашна со животински протеини и изгледа споредлива со она што денес го нарекуваме медитеранска исхрана, која се состои од леб, маслинки, грозје, мешунки, млечни производи и мали количини месо – рекол Фулер во студијата.

Иако нивното потпирање на растителна исхрана произлегло од потреба, неопходност – ослободување ги животните да прават други работи – односот помеѓу месото и овошјето, житото и зеленчукот и денес е докажано како најздрава опција денес.

Високите нивоа на 13 изотопи на јаглерод во зачуваните семиња сугерираат дека посевите во Тел Твеини биле многу добро култивирани, оплодени и наводнувани. Употребата на животинско ѓубриво исто така би ги објаснила високите нивоа на азот на 15 изотопи во растенијата.

Она што исхраната се разликува од денешната медитеранска е тоа што и покрај тоа што биле на само два километри од брегот и богатото море, жителите на Тел Твеини не јаделе многу морски плодови и риба во текот на бронзеното доба.

Древното општество секако било способно да произведува доволно храна од земјоделските култури, што значи дека земјата била плодна. Ова е во согласност со репутацијата на целиот регион како голем производител на маслинки.

– Ископувањата на локалитетот покажуваат дека производството на маслиново масло било главната економска активност и погоните за негово производство може да се најдат во секоја куќа во железното време – истакнал Фулер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот