ДУИ: „ВРЕДИ“ и нивните коалициони партнери секојдневно работат на делегитимирање на Албанците

ДУИ и денеска со реакции по одлуката за разрешување на Еролд Муслиу од директорскаѕа позиција на Агенцијата за разузнавање.

Од партијата велат дека секојдневно се случува дефакторирање на Албанците во Северна Македонија и систематско девалвирање на Охридскиот рамковен договор.

– По промената на формулата „Балансер“ и намалувањето на процентот на Албанци од 29,5% на  25%, непочитувањето на резултатите од пописот на населението и бришењето на албанската дијаспора од нивните права, симнувањето на албанскиот јазик од претседателската функција, следниот скандал е не -назначување на албански кадар во  Агенцијата за разузнавање.

Од таму велат дека од 2001 година никогаш до сега не се случило да нема Албанец на директорската или заменичката позиција.

– Габриела Јаковлева е нов директор на Агенцијата за разузнавање, додека Ивана Стојановска е избрана за заменик директор на оваа институција. Ова никогаш не се случило од 2001 година, велат до ДУИ.

Според нив ваквите одлуки само ја докажуваат инфериорноста на вазалите кои без ниту еден услов и без легитимитет на народот станаа дел од оваа Влада која ќе остане запаметена по враќањето на времето на институционалната дискриминација и угнетувањето на Албанците како во времето пред 2001 година.

– ВЛЕН докажува дека се само гледачи, соработници во деградирањето на Албанците и учесници во Владата за задоволување на нивните интереси, се вели во партиското соопштение.

Додаваат дека Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ги следи одлуките на оваа како што велат анти-албанска Влада на секој чекор и ќе го осуди рушењето на сите демократски достигнувања што тие ги постигнале во изминатите 23 години.

Муслиу: Партиската логика го надвладеа мерит системот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот