ДУИ: Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност

ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

Демократската унија за интеграција силно ја осудува секоја форма на насилство. Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас, се вели во соопштението на ДУИ.

„Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност.Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа“, стои во соопштението на ДУИ.

Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите, додаваат од ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот