ДУИ: Нападот врз Сејдини е без преседан и аларм за зголемување на меѓуетничките тензии

ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

Демократската унија за интеграција ја изразува својата најдлабока осуда и загриженост за физичкиот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини и нагласуваат дека се работи за „напад без преседан врз истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ“.

-Овој грд чин, извршен од маскирани лица пред ресторан, претставува силен аларм за зголемување на меѓуетничките тензии во земјата. Овој инцидент се случува во време кога владата се однесува како „бик во продавница за порцелан“, игнорирајќи ја и маргинализирајќи ја улогата на Албанците во јавниот и институционалниот живот и потценувајќи ја важноста на меѓуетничките односи. Ваквите постапки, кои доаѓаат во недела со серија други инциденти со етничка заднина, само дополнително ја влошуваат ситуацијата и создаваат опасна атмосфера за меѓуетничкиот соживот. Ако претседателот на ФФМ може да биде нападнат само поради неговата етничка припадност, како би се чувствувал обичен албански граѓанин за својата и безбедноста на своите деца? Ова е опасна порака која ја поткопува довербата на граѓаните во безбедноста и правдата на државните институции, нагласуваат од ДУИ.

Партијата додава дека нападот се случува и во контекст на голем неуспех во процесот на европска интеграција, што предизвика длабоко разочарување и ги затемни перспективите и надежите на нашите граѓани.

-Навредливите изјави на министерката за образование, која ги навреди вработените Албанци нарекувајќи ги „неписмен народ”, дополнително ги зголемуваат тензиите и поделбите во општеството, потенцира ДУИ.

Опозициската партија ги повикува органите на редот и правдата да реагираат брзо и професионално за да го расчистат овој криминален акт и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата и бара од владата „сериозно да размисли за важноста на зачувувањето на меѓуетничките односи и да ги почитува принципите на правично и еднакво застапување на сите граѓани“.

„Од друга страна, претставниците на Албанците во владата, кои немаат легитимитет за достојно претставување на нашата заедница, треба да престанат да се концентрираат на тендери и корупција и да се потсетат дека имаат одговорност кон Албанците. ДУИ останува посветена на промовирање на мирот, стабилноста и правичното застапување на сите заедници во земјата. Ниту еден чин на насилство, дискриминација или исклучување не може да го поткопа духот на соживот и правото на еднаквост што ние ќе продолжиме да го браниме по секоја цена“, стои во соопштението на ДУИ.

Сејдини: Ме нападнаа тројца, се надевам дека полицијата што побрзо ќе го расветли инцидентот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот