Дуда: За испраќање борбени авиони во Украина потребна е заедничка одлука на сојузниците

Полскиот претседател Анджеј Дуда
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда/ Фото Архива на Слободен Печат

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска за Би-Би-Си изјави дека одлуката за испраќање авиони во Украина, пред се Ф-16, е многу сериозна и тешка за Варшава. Коментарите на полскиот претседател уследија по минатонеделната турнеја на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Европа и лобирањето за дополнителна воена поддршка, вклучувајќи артилерија со долг дострел, муниција, противвоздушна одбрана, ракети и борбени авиони.

Полска е еден од најблиските сојузници на Украина и е свесна за сопствените резерви на оружје. Истакнувајќи дека Полска има помалку од 50 авиони, Дуда оцени дека е сериозен проблем доколку се донираат дури и мал број од нив.

Според полскиот претседател, Полска е членка на НАТО и одлуката за испраќање борбени авиони бара одлука на сојузниците, што значи дека е потребна заедничка одлука, а не на една земја. Потсетувајќи се на изјавата од 2022 година, на почетокот на руската инвазија, Дуда оцени дека испраќањето авиони „би значело воено мешање во украинскиот конфликт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот