Дуда: Употребата на нуклеарно оружје е луд потег

Анджеј Дуда/ Фото EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за полската државна телевизија ТВП изјави дека никој во ОН „не бледнее од страв” поради заканите кои доаѓаат од Русија, вклучително и за нуклеарно оружје.

– Рускиот лидер на некој начин направи грешка кога сугерираше нуклеарна закана бидејќи реакцијата е спротивна. Земјите кои беа внимателни во проценките за Русија сега се во недоумица поради тоа што Путин се движи кон такви сугестии, рече полскиот претседател.

Дуда потсети дека Русија не е единствената нуклеарна сила и оти такво оружје имаат и САД.

– Ако САД ја сфатат сериозно оваа закана, тоа е закана и за самата Русија. Ако Русија помине преку сите табуа кон земја која не поседува нуклеарно оружје и која денес ја брани својата територија исклучиво со конвенционално оружје, ако дури и тактичко нуклеарно оружје се употреби против таа земја, Русија може да очекува одговор, изјави Дуда за полските медиуми во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на ОН.

Полскиот претседател можната употреба на нуклеарно оружје ја нарече очајнички и луд потег.

– Доколку Путин и неговото опкружување одлучат да преземат таков очајнички, луд потег, тоа ќе биде како престанат да постојат за општествата на цивилизираниот демократски свет. Тоа не би била само опасност да им се суди за кривична одговорност и закана од долги затворски казни, туку тоа би било исклучување од цивилизираниот свет, и за нив и за Русија сè додека се тие на чело, рече Дуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот