Дуда: Светот не би ѝ простил на Русија за користењето нуклеарно оружје, кој прв ќе го употреби ќе биде проклет

Полскиот претседател Анджеј Дуда
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда/ Фото Архива на Слободен Печат

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека руската закана да го задржи правото на користење нуклеарно оружје не е ништо ново, но дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите генерали многу добро знаат дека кој прв ќе посегне по атомска бомба ќе биде проклет и светот никогаш нема да прости.

-Русија ако ја гледаме ладнокрвно, без паника, треба да кажеме дека Путин го повторува она што со години е запишано како руска воена доктрина, дека Русија го задржува правото да ги користи сите средства, очигледно вклучително и нуклеарно оружје кое ѝ стои на располагање во случај на опасност за Русија – изјави претседателот Дуда за полската приватна телевизија ТВН24.

Коментирајќи ги последните закани дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје, полскиот претседател рече дека тоа не е ништо ново.

„Сепак, Владимир Путин одлично знае, како и неговите генерали, дека првиот што ќе употреби нуклеарно оружје ќе биде проколнат. Тој никогаш повеќе нема да се измие од таа одговорност ако искористи нуклеарно оружје, дури и во најмала мера. Никогаш. Светот нема да им прости“, изјави полскиот претседател, кој престојува во Њујорк на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Анджеј Дуда потсети дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг јасно му рекол дека не може да замисли дека некој може да посегне по нуклеарно оружје.

Полскиот претседател, сепак, оцени дека е сосема можно Русија да ја нападне украинската нуклеарна централа со конвенционално оружје, како што стравуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот