Дуда ја спореди руската агресија со нацистичките напади од Втората светска војна

Анджеј Дуда/ Фото EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Претседателот на Полска Анджеј Дуда ги спореди денеска руските напади на Украина со нацистичките напади за време на Втората светска војна, велејќи дека опколениот Мариупол „денеска изгледа како Варшава 1944 година по бомбардирањето и убивањето цивили од германските нацисти”.

„Моите сонародници, Полјаци, гледаат во Мариупол и зборуваат со солзи во очите: Господи, Мариупол изгледа како Варшава во 1944 година кога нацистите, Хитлерова Германија, брутално бомбардираа куќи, убиваа луѓе, цивили, без милост”, изјави Дуда.

Дуда, додаде дека руските лидери и војска се однесуваат на целосно ист начин, „како Хитлер, како германските СС и германските пилоти на фашистичката армија за време на Втората светска војна”.

Полскиот претседател Дуда оваа недела ќе биде домаќин на американскиот претседател Џозеф Бајден во Варшава.

Зеленски: Во Мариупол останаа само урнатини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот