Дуда ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод

Полска планира да ја заврши изградбата на гасоводот до 1 октомври 2022 година.

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод, со кој од Норвешка преку Данска ќе биде поврзана Полска.

Дуда истакна дека наредните денови ќе почне изградбата на Балтичкиот гасовод во Полска.

Пред неколку дена компанијата „Гасистем” потпиша договор за реализација на проектот со „Саипем лтд груп” и добиени се сите неопходни дозволи.

Со Балтичкиот гасовод треба да бидат поврзани норвешките наоѓалишта во Северно Море со Полска преку Данска. Планирано е гасоводот да има капацитет од 10 милијарди кубни метри гас годишно.

Полска планира да ја заврши изградбата на гасоводот до 1 октомври 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот