ДС: Да се ослободиме од командното владеење

Демократски сојуз бара предвремени избори и мнозинство од 61 пратеник за да се распушти Собранието намеесто 80 гласа за уставните измени. Според ДС за седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спровела ниту едни реформи.

„Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за  борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество. Во суштина партиите на власт СДСМ И ДУИ, односно лидерите на овие две партии Ковачевски и Ахмети одлучуваат за сѐ, затоа имаме колапс на државата и државните институции, целосна криминализација и отсуство на каква било одговорност и неселективна борба против криминалот“, велат од ДС.

Според партијата на Павле Трајанов, Уставот, но и повеќе системски закони, само ја зајакнаа партократијата во државата, не функционира имунолошкиот систем бидејќи е партизиран и секогаш се чека команда од лидерите на владеачките партии кои се „најпаметните” при што резултатот е законите да не важат подеднакво за сите, а уште помалку да се воспостави систем на владеење на правото.

„За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам. Повиците на меѓународната заедница вклучително и на САД, само го амортизираат гневот и незадоволството на граѓаните, но власта не трепнува, таа критиката ја смета за поддршка. Криминалот го загрозува опстанокот на државата, но нема независни институции кои ќе ја почнат таа борба. Затоа, наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори“, велат од ДС.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот