Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, нов претседател е писателот Живко Грозданоски

Живко Грозданоски, писател

На редовно изборно Собрание, што се одржа на 1 јуни, избрано е ново раководство на Друштвото на писателите на Македонија. На Собранието беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.

За претседател на Друштвото на писателите е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштво на писателите на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот