ДПИ изрече осум прекршочни налози – денеска се контролираат бурекџилниците и помалите маркети

Намалени цени во маркети / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изрече осум перкршочни налози во висина од над 1.196.000 денари за непочитување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Како што информираат од ДПИ, денеска се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало.

-Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија. Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката – велат од Државен пазарен инспекторат.

Со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки се врши ограничување на профитните маржи до 10 отсто на околу 70 основни прехранбени производи поради што се очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот