Домашни тортилји, по овој рецепт никогаш повеќе нема да купувате готови

Фото: Pexels

Домашните тортилји лесно се прават, со само неколку состојки.

Ние ви донесуваме рецепт за тортилји со три состојки. Се прават едноставно, брзо и лесно.

Може да се наполнат со солени и слатки филови. Одлични се за појадок и исто толку добри за вечера.

Состојки:

– 2 чаши брашно

– 1 чаша топла вода

– 6 лажици путер

– сол по вкус

Подготовка:

Измешајте го брашното со претходно омекнатиот путер. Додајте ги солта и водата и замесете. Тестото е готово кога ќе се изедначи.

Оставете го вака измешаното тесто, покриено, околу 10 минути. Потоа со раце формирајте топчиња, па со сукало развлечете ги во круг.

Пржете ги во загреана и подмачкана со масло тава неколку минути од двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот