Доколку престанат да возат ќе се соочат со тужба: ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници

ЈСП Скопје преку соопштение демантира дека има долг кон приватните превозници кои пак обвинија дека не им се исплаќаат средства и дека веќе се презадолжени на бензиските пумпи, па затоа од утре до петок најавија дека ќе возат само до 10 часот наутро.

Од Јавното претпријатие велат дека доколку ги остварат ваквите закани ќе се соочат со тужба бидејќи како јавен превоз имаат обврска кон град Скопје согласно потпишаниот договор.

Меѓувреме од ЈСП велат дека поднеле и соодветна тужба поради клевети, континуирано креирање паника и вознемирување на граѓаните од страна на поединечни политички инструирани превозници.

– Трета година по ред се работи на усогласување на приватните превозници со стандардите и пред секој истек на договор во обид да се избегне исполнување на еко стандардите, се јавуваат истите притисоци со цел да продолжат да сообраќаат со старите автобуси, обвинуваат од ЈСП.

Приватните превозници лани поради неисплатен милионски одлг кон нив од страна на ЈСП не сообраќаа на градските улици повеќе од шест месеци, а дел од нив поставуваа и блокади на некои од главните сообраќајници на централното градско подрачје.

Тогаш беше постигнат договор меѓу нив и ЈСП по што продолжија да ги даваат своите услуги на граѓаните.

Сега велат дека договорот бил постигнат со директорот на претпријатието кој меѓувреме бил разрешен и од тогаш не знаат шро понатаму.

Во петок најавија дека ќе одлучат какви чекори ќе бидат преземени во насока на изнаоѓање решение за настанатиот проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот