Додека татко ѝ води претседателска кампања: Иванка Трамп планира да отвори луксузен хотел на Балканот

Фото: Профимедиа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, неодамна ја најави својата кампања за претседателските избори во 2024 година.

Додека тој е зафатен со својата кампања, неговата ќерка Иванка Трамп се подготвува да отвори луксузно одморалиште во Албанија. Таа планира да го отвори хотелот заедно со нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, пишува „Пејџ сикс“.

„Во моментов работам со мојот сопруг. Имаме остров во Медитеранот и ги носиме најдобрите архитекти и најдобрите брендови“, рече Иванка Трамп во поткастот на Лекс Фридман.

Таа додаде дека со одморалиштето ќе управува „Аман“, брендот на рускиот бизнисмен Влад Доронин. За храната во одморалиштето ќе се погрижи американскиот ланец на ресторани „Карбон“.

„Неверојатно е да се спои сиот овој талент, да можам да си играм наоколу, ќе ги покажам мускулите и ќе се забавувам“, рече таа.

Фото: Инстаграм/Иванка Трамп

Таа вели дека хотелот ќе изгледа многу модерно, но дека ќе го земат предвид теренот и вегетацијата која постои таму. Трамп додаде дека хотелот нема да биде само „прекрасна стаклена кутија“.

„Секако дека сакаме стакло. Сакаме да овозможиме поглед кон прекрасното сино море, но и да направиме нешто без да изгледа генерично“, додаде таа.

Покрај тоа што ќе работи напорно за да создаде луксузно место за одмор, Иванка Трамп ќе го поддржи и нејзиниот татко кога тој официјално ќе се кандидира за претседател. Сепак, таа самата нема да има никаква официјална улога во неговата кандидатура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот