Додека навивачите чекаат отказ, Тен Хаг тврди дека раководството му верува

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер јунајтед очајно ја отвори новата сезона и во вчерашниот натпревар против Тотенхем избраниците на Ерик Тен Хаг беа надиграни и победени на свој терен со 0:3.

Навивачите на клубот од „Олд Трафорд“ се надеваа дека по овој натпревар холандскиот стратег ќе биде отпуштен, но тоа изгледа нема да се случи, барем ако се суди по неговата изјава на прес-конференцијата по натпреварот.

„Не размислувам за отказ. Со раководството донесовме заедничка одлука да останам во текот на летото и сега треба да утврдиме што можеме да подобриме за да создадеме конкурентен тим“, одговори Тен Хаг на прашањето од новинарите за отказот.

Се обиде и да го оправда лошиот почеток на неговиот тим.

„Знаевме дека ќе ни биде потребно време поради преодниот рок. Некои играчи како Мануел Угарте пристигнаа доцна. Мораме да направиме исчекор во организацијата поради некои повреди. Потребно е уште време“, истакна Тен Хаг.

Како што вели, сè уште ја има довербата од раководството.

„Сите сме на иста страна или на ист брод заедно – сопственици, стручен штаб и фудбалери. Затоа и не се грижам“, јасен беше Холанѓанецот.

ВИДЕО: Тотенхем убедливо го совлада Манчестер јунајтед на Олд Трафорд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот