Добротворна организација по грешка делела бонбони полни со дрога: Луѓето завршиле во болница

Илустрација/Фото: pexels-karolina-grabowska

Добротворна организација која работи со бездомници во Окленд, Нов Зеланд, несвесно им делела бонбони со потенцијално смртоносна доза на метамфетамин во нивните пакети со храна, откако бонбоните биле донирани од некој граѓанин.

Лажните бонбони дистрибуирани од добротворната организација изгледале како бонбони со вкус на ананас од малезиската марка „Ринда“, изјавила Хелен Робинсон, извршен директор на добротворната организација, пренесува „Њујорк тајмс“.

Претставници од добротворната организација рекоа дека персоналот почнал да контактира со 400 луѓе за да ги откријат пакетите што би можеле да ги содржат спорните бонбони.

Најмалку осум семејства пријавиле дека ги пробале лажните бонбони, рече г-ѓа Робинсон. За среќа, тие имаа толку лош вкус што оние што ги јаделе веднаш ги исплукале, минимизирајќи ги ефектите, рече таа. Но, поради нивната висока доза, дури и мал допир или лижење можело да биде опасно.

Државните власти соопштија дека три лица биле хоспитализирани откако ја консумирале бонбоната, но подоцна биле пуштени.

Количината на метамфетамин во секоја бонбона била до 300 пати поголема од нивото што некој вообичаено би го земал и можела да биде фатална, соопшти Новозеландската фондација за дроги, која прва ги тестираше бонбоните.

Портпаролот на фондацијата Бен Биркс Анг рече дека пренесувањето на дрогата како безопасна стока е вообичаена техника на прекугранично шверцување и дека повеќе бонбони можело да се дистрибуираат низ Нов Зеланд.

Бонбоните биле донирани во изминатите шест недели и не е јасно колку од тие бонбони биле наполнети со метамфетамин.

Метамфетаминот е моќен стимуланс кој предизвикува голема зависност и влијае на централниот нервен систем. Има форма на бел кристален прав без мирис, има горчлив вкус и лесно се раствора во вода или алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот