До крајот на годината, во Федерацијата БиХ заклучени цени за 56 прехранбени артикли

Супермаркет/ Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Сојузното министерство за трговија соопшти дека до крајот на оваа година ќе продолжи проектот „ги заклучуваме цените“ што се спроведува со здружението на работодавачи на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Во четвртиот круг работодавачите предложија намалување и заклучување на цените на 56 прехранбени и хигиенски производи, а четвртиот круг ќе трае од 1 октомври до 31 декември годинава, објави Кликс.ба. Сојузниот министер за трговија Амир Хасичевиќ ја поздрави оваа иницијатива и изјави дека работодавачите овојпат покажале општествена одговорност, особено кон најчувствителните категории. Тој истакна дека учеството во овој проект е доброволно и покрај тоа што има значително стабилизирање на цените на пазарот.

„Ја корегиравме листата во однос на претходниот период, вклучивме уште неколку ставки и веруваме дека на овој начин ќе придонесеме за квалитетот на животот на сите, особено на чувствителните категории на населението, како пензионерите и работниците со помали примања“, соопшти Здружението на работодавачи на ФБиХ.

Проектот „ги заклучуваме цени“ започна на 15 декември минатата година. Сојузното Министерство за трговија, заедно со Здружението на работодавачи, здруженијата на потрошувачи и синдикатот на работниците договорија намалување и заклучување на цените на 40 прехранбени и хигиенски производи за три месеци, со цел да се спречи нагло зголемување на цените и им овозможуваат на потрошувачите со помали приходи да ги обезбедат основните животни потреби. Протоколот беше потпишан од 32 трговски субјекти кои имаат повеќе од 1.500 комерцијални продавници во ФБиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот