До 30 октомври тече рокот за продолжување на правото на студентска стипендија

Студенти/ Фото: ЕПА

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври.

-Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од МОН.

Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот