До 30 април да се одреди институција ќе биде носител на процесот на подготовка и креирање на новата Националната Безбедносна Стратегија

Центарот за управување со кризи е должно да ги координира активностите во однос на областа „Цивилна подготвеност” и во координација со Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување и другите институции вклучени во националниот кризен менаџмент да ги имплементира препораките од НАТО.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за вклучувањето на Република Северна Македонија во НАТО Процесот на одбранбено планирање (NDPP).

Со заклучок на седницата се задолжува Министерството за одбрана редовно да ги следи сите обврски за Република Северна Македонија, да ги информира сите вклучени институции за следните чекори и да го координира целокупниот процес. По укажана потреба, во НАТО Процесот на одбранбено планирање за Република Северна Македонија да предложи вклучување и на други национални институции и да ја информира Владата на Република Северна Македонија (два пати годишно – јануари и јуни), како и Работниот комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, за периодичните препораки од НАТО во НАТО Процесот на одбранбено планирање.

Процесот на одбранбено планирање (NDPP) е сеопфатен, темелен и детален процес чија цел е поддршка на трите клучни задачи на НАТО (колективна одбрана, кризен менаџмент и кооперативна безбедност). Најважно за НАТО во NDPP е да се осигура дека земјите членки можат да дадат соодветна поддршка на нивото на амбиција на НАТО, со соодветни капацитети во поддршка на поставените мисии и цели. Посебно значење во овој процес има капацитетот на секоја земја за градење на реални планови, поддржани со ресурси, како и на имплементација на преземените обврски. NDPP се одвива во континуитет, секоја година, со точно утврден ред на доставување на Извештаи од страна на земјите членки, како и реализација на билатерални и мултилатерални консултации со НАТО.

Министерството за надворешни работи доби задолжение да ги координира активностите во однос на областа „Стабилизација и Реконструкција” во НАТО Процесот на одбранбено планирање и во координација со Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи да ги имплементира препораките од НАТО и за преземените мерки и активности да ја извести Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до крајот на јуни 2020 година.

Се задолжуваат  Министерството за финансии, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерството за здравство, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а се укажува на Агенцијата за електронски комуникации, да учествуваат во НАТО Процесот на одбранбено планирање и во координација со Министерството за одбрана да ги имплементираат препораките од НАТО, во одделните области.

Се задолжува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство активно да се вклучи во НАТО Процесот на одбранбено планирање, да ги преземе сите неопходни мерки за координација на други субјекти во изградба на поголема отпорност во оваа област, како Агенција за храна и ветеринарство и други институции за кои ќе оцени дека е потребно.

Центарот за управување со кризи е должно да ги координира активностите во однос на областа „Цивилна подготвеност” и во координација со Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување и другите институции вклучени во националниот кризен менаџмент да ги имплементира препораките од НАТО.

Работниот комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, најдоцна до 30 април 2020 година (пред почетокот на мултилатералните консултации на РСМ со НАТО во Брисел), треба да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија, во врска со носителот/институција која ќе биде носител на процесот на подготовка и креирање на новата Националната Безбедносна Стратегија, а согласно препораките од НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот