Дизелот од утре значително поскапува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги објави новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за четири денари за литар, додека екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за два и пол денари по литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 денари за килограм и сега ќе изнесува 53,592 денари за килограм.

Еве ги цените на горивата кои ќе важат од полноќ:

ЕУРОСУПЕР БС – 95: 79,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 81,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 81,00 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 78,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС: 53,592 (денари/килограм)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот