Директорот на швајцарски железници: Сочувствувам со патниците во Германија

Source: DPA

Доцнење на возовите, одложување на реновирање, финансиски проблеми – тешкотиите на Германските железници се забележуваат и во странство.

„Вашата земја има многу сложен систем, кој не е во добра форма“, рече шефот на швајцарската Федерална железница, Винсент Дукро, пренесува ДПА.

Тој вели дека сочувствува со посветените железничари и нивните корисници за проблемите со кои се соочуваат.

Швајцарија е позната по релативно точните возови. Од минатата година во Базел запира возовите од Германија со долги доцнења, за да не го наруши сопствениот сообраќај.

Тој рече и дека германската влада прави премалку.

„Прво имаше многу пари за железницата, потоа планот беше запрен, а сега френетично се обидуваат да најдат нови средства. Тоа мора да се обезбеди долгорочно“, истакна Дукро.

Германските железници исто така се слабо дигитализирани, додаде тој.

Проблем е и нивната корпоративната структура, бидејќи инфраструктурата, патничкиот и товарниот сообраќај се управувани од различни компании.

Во таква ситуација компаниите речиси и не комуницираат меѓу себе и гледаат прво на сопствените интереси, истакна директорот на Швајцарска железница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот