Директорите на хрватски електрокомпании славеле со Ханка Палдум на сметка на Хрватската електропривреда

Фото: Инстаграм/Ханка Палдум

Директорите на сите електрокомпании во Хрватска и нивните најблиски соработници славеле во ресторан со фолк пејачката Ханка Палдум на сметка на Хрватската електропривреда ХЕП.

Како што открива известувачот на Телеграм, Драго Хедл, тие неодамна се забавувале по состанокот на колегиумот на операторите на системот за дистрибуција ХЕП, кој вклучува вкупно 21 Електро компании во Хрватска, пренесува Даница.хр.

Вечерата е „платена од наменските средства на ХЕП ОДС Славонски Брод“. Директорите на ХЕП и нивната компанија на вечерата ги забавувала пејачката Ханка Палдум. Не е познато кој платил за нејзиниот настап.

Од ХЕП велат дека не се тие и објаснуваат дека не бил затворен собир бидејќи нивните директори не биле единствените гости на ресторанот во Славонија. Но, сопственикот на ресторанот тоа го демантира, наведувајќи дека ресторанот сè уште е затворен и не може да се влезе ненајавено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот