Димитров за УБ: Не постои стерилност, туку неплодност која може медицински да се третира

Ова го напомена докторот Глигор Димитров во Утрински брифинг на „Слободен печат“, потенцирајќи дека одредени прашања на докторот специјалист се клучни за откривање на проблемот и негово понатамошно третирање.

„Доколку ниту еден од потенцијалните родители нема здравствен проблем, при нормален сексуален однос, една година е доволна за забременување. Доколку по една година, но и ако постојат претходни фактори кои алудираат на некаков проблем, здравствените испитувања треба да започнат веднаш.“

Ова го напомена докторот Глигор Димитров во Утрински брифинг на „Слободен печат“, потенцирајќи дека одредени прашања на докторот специјалист се клучни за откривање на проблемот и негово понатамошно третирање.

„Во последните неколку години, од аспект на стерилитет, свеста за тестирања е повисока. Се повеќе пациентите сфаќаат дека треба порано да се оди на доктор и да се направат и општи прегледи“, вели Димитров.

Тој нагласува дека медицината повеќе не препознава „стерилитет“, туку неплодност која може да се третира.

„Важно е да се направат комплетни испитувања пред да се премине на биомедицински потпомогнато испитување. Тоа може да се направи еден до два месеци и да се имаат комплетни испитувања за да се види кон каква метода на помагање треба да се оди“, изјави Димитров.

Докторот од приватната клиника Ре-Медика, напоменува сепак дека државата мора да помогне при помогнато забременување, бидејќи приватното „ин-витро“ е прилично терет за потенцијалните родители, со оглед на тоа што основните трошоци достигнуваат и до 3-4 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот