Димитријевиќ и Милано непријатно изненадени на стартот во италијанскиот шампионат

Ненад Димитријевиќ, кошаркарот на Олимпија Милано/фото: olimpiamilano.com

По освојувањето на Суперкупот на Италија каде блескаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, екипата на Олимпија Милано разочара со пораз на стартот во тамошниот шампионат.

Новиот прволигаш Трст го совлада еден од фаворитите за титулата оваа сезона со конечен резултат 84:78.

Нашиот плејмејкер за 23 минути на паркетот запиша само два поени, а имаше и седум асистенции, најмногу од сите играчи во двете екипи.

Од соиграчите на Димитријевиќ, најефикасни беа ЛиДеј и Миротиќ со по 18 поени, овој вториот имаше и 10 скокови.

Во следното коло од првенството составот на Олимпија Милано на 6 октомври на домашен терен ќе го пречека Сасари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот