Димитриевски сѐ уште е во предизборна еуфорија, вели Таравари

Арбен Таравари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за здравство Арбен Таравари, смета дека лидерот на ЗНАМ, коалицискиот партнер во Владата – Максим Димитриевски сѐ уште е во изборна еуфорија и дека албанското знаме не треба никому да пречи, со оглед дека е официјално и за тоа не треба да се разговара.

– Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му пречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи, изјави Таравари во емисијата „Дејли клик“ на тв 21.

Според него, Димитриевски добил гласови и од Албанци кога бил избран за градоначалник на општина Куманово.

– Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност – рече Таравари.

Димитриевски, претходно предупреди дека ЗНАМ ќе ја напушти владејачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот