Димитриеска Кочоска: Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата

Додека ги гледавме бројките пред да влеземе во Влада, јасно ни беше каква е состојбата во буџетот. Во нашата програма, и сето она што досега е ветено, ништо не е ветено избрзано. Проверуваме уште еднаш, иако и кога сме ги ветувале работите, сме ги проверувале. Змачи проверуваме, па потоа ветуваме, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата“, рече таа.

Таа се смета како една од најблиските личности од доверба на премиерот Христијан Мицкоски. Вели верува дека претседателот на владата е единствен човек за кого верува дека секогаш ќе стои зад неа и, како што рече, „нема да се расправаме“.

„Во однос на другите министри, јасно ми е дека ако сум добра со нив, тогаш нешто не е во ред. И тие тоа го знаат, иако нормално е дека секој има некаква потреба од средства“, додаде Димитриеска Кочоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот