Дилгер предупредува: Германскиот пензиски систем е на работ на колапс

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

На Германија и треба голема социјална реформа, како онаа што се случи по обединувањето, изјави претседателот на Сојузот на германските здруженија на работодавачи Рајнер Дулгер и предупреди дека пензискиот систем е пред колапс.

„Како што функционираат нашите системи за социјално осигурување денес, тие нема да можат да работат во следните пет години.

Трошоците ќе експлодираат“, изјави Дулгер за неделното издание на Билд. Потребна е итна реорганизација на пензискиот систем бидејќи неговото финансирање е пред колапс, тврди првиот човек на здружението на работодавачи.

Конкретно, Дулгер предлага ново зголемување на старосната граница за пензионирање, пишува Спутник.

Според сегашните планови на владејачката коалиција, на 1 јануари 2023 година основниот приход ќе го замени сегашниот систем Харц IV, како што се нарекува социјална помош уште од времето на владата на Герхард Шредер. Харц IV од Нова година ќе се преименува во пари за граѓаните.

Оваа помош ќе биде за околу 50 евра повисока од претходните месечни исплати. Тоа значи дека, на пример, самец кој до сега добивал 449 евра ќе има право на околу 500 евра помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот