Детска Клиника: Бебето од Битола беше донесено починато

Фото: МИА

Бебето Лука, кое почина во саботата откако било транспортирано од битолската Клиничка болница за Скопје, починало за време на транспортот, потврдуваат за „Слободен печат“ од Клиниката за Детски болести Скопје.

Како што објавивме, станува збор за новороденче на кое му се влошила состојбата по раѓањето во битолската болница, а таткото Драгољуб Китоски тврди дека 18 часа не му било соопштено дека нешто со неговото дете не е во ред, а со тоа му била одземена можноста да го спасува во други болници.

Тој бара одговори и одговорност од битолската болница „Трифун Пановски“ и ќе поднесе кривична пријава во Јавното обвинителство Битола бидејќи во две полициски станици одбиле да му ја примат пријавата.

На 15 јуни 2024 година (сабота), во 16 часот и 55 минути пристапи новородено машко бебе од Клиничка болница Битола без срцева акција и дишење. Веднаш се пристапи кон реанимациона постапка по протокол, но без одговор на истата.

Констатиран е егзитус леталис по што е вратено со екипа на медицински транспорт во матичната установа. Се работи за новородено старо 30 часа породено со царски рез во 38 гестациска недела, со родилна тежина од 3.620 грама и АПГАР кој првично бил 5, а потоа 7 и 7.

Новореното е препратено на Детската Клиника поради респираторен дистрес, со болничко возило во придружба на педијатар, велат од Клиниката за детски болести за „Слободен печат“.

Инаку, мајката на бебето има 33 години и ова ѝ било второ дете. Таа во „Слободен печат“ испрати докази дека редовно ја контролирала својата бременост.

Бебе почина од мистериозни причини, таткото бара одговори и одговорност од битолската болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот