Детали за апсењето на Џастин Тимберлејк: Пејачот ослободен, ѝ кажал на полицијата дека испил едно мартини

Џастин Тимберлејк / Фото: Profimedia / EPA

Популарниот пејач Џастин Тимберлејк синоќа беше уапсен поради сообраќаен прекршок, односно возење под дејство на алкохол во Хемптонс, во близина на Њујорк.

Пејачот е веќе пуштен од полициската станица во Саг Харбор, на Лонг Ајленд јавуваат американските медиуми. Според „ТМЗ“, кој тврди дека го видел полицискиот извештај, Џастин бил забележан од полицијата кога со своето БМВ поминал покрај знакот за стоп, на нешто повеќе од осум километри од хотелот „Американ“ каде што престојувал со пријателите.

Полицајците велат дека потоа почнале да го следат поп-пејачот и забележале дека не може да вози по неговата лента додека конечно не ја вклучиле ротацијата. Тој бил запрен на раскрсница, во станбена зона, а полицијата забележала дека е во алкохолизирана состојба.

Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

Според „ТМЗ“, тој наводно имал крвави очи, мирисал силно на алкохол од здивот, не можел да се фокусира, имал нејасен говор и нестабилни движења. Исто така, потфрлил на алкотестот.

„Испив едно мартини и ги следев моите пријатели дома“, наводно им рекол пејачот на полицајците, а потоа бил уапсен.

„ТМЗ“ објави и фотографии од Џастин Тимберлејк како ја напушта полициската станица во Саг Харбор и изгледа сосема опуштено и лежерно покрај својот адвокат. Против него е поднесена пријава и е пуштен без кауција. Пејачот ќе треба да се појави на суд на 26 јули.

Поранешна „Плејбој зајачица“ тврди: Џастин Тимберлејк ја изневери Камерон Дијаз со мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот