Деспотовски: Над 10.000 членови на СДСМ не можеа да гласаат на внатрепартиските избори

Јован Деспотовски - директор на ТИРЗ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски изјави дека утре ќе поднесе приговори за забелешките кои биле забележани од контролорите низ цела држава.

-Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес, Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања: Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска? Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас? На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа – вели Деспотовски.

Деспотовски им се заблагодари на сите членови на партијата кои излегле да гласаат, како и на оние кои излегле, но од различни причини
не им било овозможено да гласаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот