Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски

Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски

Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување, за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од свети Јован Златоуст. Но, сепак, аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на Јулијановото гонење на христијаните свети Евсевиј го слече свештеничкото расо и се облече во војничко руво, па така ги обиколуваше гонетите цркви по Сицилија, Финикија и Палестина, секаде утврдувајќи ја православната вера и поставувајќи свештеници, ѓакони и сиот потребен клир, а некаде дури и епископите ги поставуваше тој. По гласовитата погибел на Јулијан, свети Евсевиј го посоветува Мелетиј да го повика Соборот во Антиохија, во 361 година. Присуствуваа дваесет и седум архиереи, уште еднаш беше осудена аријанската ерес, а се прогласи православната вера онака како што беше изразена на Првиот Вселенски Собор. Кога дојде во градот Долихин со избраниот епископ Марин, за да го востоличи новиот архиереј, а да ја изобличи ариевската ерес којашто во овој град имаше голем замав, еден еретик-фанатик фрли од покрив ќерамида врз чесната глава на свети Евсевиј и опасно го рани. Од оваа рана големиот свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство. Пострада во 379 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот