Денеска променливо облачно време со значаен пад на температурите

Подрачјето на Македонија од изминатата ноќ падна под влијание на влажна и постудена воздушна маса која продира од север, со што се очекува да настапи позначителна промена на времето.

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени утрински врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер, наместа со брзина од над 70км/ч.

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени на повисоките места на западот на земјата, до 27 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи.

Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот