Демолиран комуналниот пункт во Капиштец, Герасимовски бара поголема контрола од полицијата

Фото: Општина Центар

Обиен и ограбен е комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец. Како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, прозорецот на куќарката е искршен и украдени се алатките и опремата што ја користат хигиеничарите.

Внатрешноста е целосно демолирана. Штетата е проценета на 70.000 денари. Кражбата ја пријавивме во МВР, по што е направен и увид. Побаравме од полицијата да ги засили контролите во населбата, со оглед на многубројните пријави и реагирања на граѓаните за ноќното дивеење и вандализирање на јавните објекти во Капиштец – вели Герасимовски.

Тој посочува дека ваквите инциденти и појави ги вознемируваат жителите, а ги охрабруваат хулиганите, бидејќи нема ниту казни ниту санкции.

Работата на полицијата е да ги санкционира сите оние што го загрозуваат и нарушуваат јавниот ред и мир и го уништуваат заедничкото добро. Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминуваат неказнето, а сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат – реагира градоначалникот на Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот