Делегации од македонскиот и бугарскиот ПЕН центар одржаа средба во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“

Делегации од ПЕН-центрите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, предводени од претседателите и раководствата денеска се состанаа на неформална средба што се одржа во салата за состаноци на манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски” кај Крива Паланка.

– Иницијативата се роди на 17-тата биенална конференција на балканската ПЕН-мрежа што се одржа во Преспа во јуни годинава, чијшто домаќин беше македонскиот ПЕН центар. На конференцијата се договоривме да се одржи неформална средба, дружба, на која ќе се иницираат понатамошни конкретни активности, размени и книги и останати на списанија, промоции, автори и останати облици на соработка. Идејата е ПЕН-от да ги шири границите на книжевниот збор и израз пошироко од државата и да воспостави соработка, размени на дела во превод, книжевни читања, заеднички промоции и друго –  изјави Зоран Анчевски, претседател на Македонскиот ПЕН центар.

На средбата во делегацијата од Македонски ПЕН центар покрај претседателот Анчевски присуствуваа и Владимир Мартиновски, потпретседател, Катица Ќулавкова, потпретседател на Меѓународниот ПЕН центар со седиште во Лондон, Данило Коцевски, Весна Ацевска, Санде Стојчевски, Александар Прокопиев и Калина Малеска.

Петчлената делегација од Бугарија ја предводеше претстедателката на Бугарскиот ПЕН, Здравка Ефтимова.

Ефтимова искажа пофални критики за повеќе македонски автори, поети, есеисти, прозаисти, ги претстави членовите на нивниот центар и ја искажа срдечната отвореност за понатамошна блиска и плодна соработка со македонските колеги.

На средбата присутните имаа можност и да се запознаат со историјата на манастирот Сарандопорски, а од проф. д-р Јордан Михајловски од Крива Паланка слушнаа и за преродбеникот Јоаким Крчовски кој учителствувал и просветувал во овој крај, чиишто мошти се наоѓаат во храмот „Св. Димитриј” во центарот на градот.

Книжевниците реализираа и заедничко читање за време на пладневниот ручек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот