Де Брујн признава: Ако пристигне апсурдна понуда морам да мислам на семејството, роднините, пријателите…

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Со почетокто на летниот преоден рок се засилија најавите дека Кевин Де Брујн наскоро ќе го напушти Манчестер Сити.

Фантастичниот 33-годишен Белгиец според многумина е најдобриот играч на Манчестер Сити во последните неколку сезони, а под водство на Пеп Гвардиола освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал.

Неговиот актуелен договор истекува во 2025 година и таа ситуација сакаат да ја искористат клубовите од Саудиска Арабија. За Де Брујн би требало да се плати голема оштета, а уште поголеми би биле трошоциџте од неговиот договор. Во Манчестер Сити играчот за врска заработува 21 милион евра по сезона.

Во својата последна изјава Де Брујн не криеше дека во случај на голема понуда би можел да замине.

„Останување во Сити? Тоа секако е опција… Прочитав многу информации за Саудиска Арабија, но јас не сум разговарал со никого. Ако постои добра понуда можно е да заминам, сепак јас никогаш не сум покажал дека сакам да заминам. Имам доволно пари, меѓутоа ако дојде некаква апсурдна понуда морам да мислам и на семејството, роднините, внуците и пријателите“, изјави Де Брујн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот